еМагазин
Image default
Македонија

Тачи: Заев ми се јави да ја разјасни изјавата што им ја дал на руските измамници

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека македонскиот премиер Зоран Заев му телефонирал синоќа, со цел да ги разјасни изјавите што им ги дал на руските комичари, кои се претставиле како украинскиот претседател Петро Порошенко, а во врска со наводниот договор на Тачи со српскиот претседател Александар Вучиќ за промена на границите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одговарајќи на новинарско прашање по прошталната средба со шефицата на Мисијата на ЕУЛЕКС, Александра Пападопулу, Тачи изјави дека, за време на 20-минутниот телефонски разговор, Заев му рекол оти бил жртва на измама, а изјавата што ја дал во врска со наводниот договор меѓу косовскиот и српскиот претседател за доделување на Србија на 10 косовски општини, била „заснована на гласини, дезинформации и податоци лансирани од Спутњик и други руски гласини“.

– Тоа се зборовите кои ми ги рече, истовремено нагласувајќи дека тоа што го зборувал со измамниците кои му се јавиле по телефон се работи кои немаат врска со односите со Косово. Тој, исто така, нагласи дека нема никаков факт, никаков доказ, никаква официјална информација за тоа што го изјавил, туку сето тоа било врз основа на локални и меѓународни гласини, изјави Тачи.

Косовскиот премиер нагласи дека „односите меѓу Косово и Северна Македонија биле, се и ќе останат коректни, позитивни и конструктивни, во духот на добрососедството“ на сите институционални нивоа и дека Приштина ќе продолжи да ја поддржува евроатлантската перспектива на својот сосед.

МИА/Фото: Фејсбук/Тачи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев им се извинил на Вучиќ и Тачи за разговорот со лажниот Порошенко

Заев смета дека Русија нема никаква врска со „местенката“ на комичарите

„Гордана Јанкулоска 2015: Шупрајш Зоран Заев 2019: Вери гут“: Твитер реакции за премиерот и руските комичари

Рускиот комичар Кузнецов за Алфа открива како дошле до телефонскиот број на Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството чека кривична од МВР за нападот во Контролата на летање

Редакција

Нови 103 случаи на заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 46

Редакција

Филипче: Резултатите од мерките ќе ги видиме за еден месец, нема потреба од полициски час

Редакција