еМагазин
Image default
Балкан

Тадиќ: Таен, тивок и организиран договор меѓу Вучиќ, Ѓукановиќ, Рама и Орбан за бегството на Груевски

Поранешниот српски претседател, сега лидер на опозициската Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ убеден е дека за време на префрлањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија постоел таен, тивок и организиран договор меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерите на Албанија и Унгарија, Еди Рама и Виктор Орбан.

– Зад тоа стои фаланга од регионални популисти кои организираат глувчешки канали за пренесување на осудени криминалци, порача Тадиќ, додавајќи дека не верува во објаснувањето на Вучиќ, бидејќи тој едноставно морал да знае дека неговиот поранешен македонски колега бега низ Србија.

Тој на прес-конференција оцени дека станува збор за организиран договор, бидејќи Груевски беше правосилно осуден за кривично дело и неколку часа го делеа од затвор.

– А ако не знаел, тогаш тој не знае да ја врши својата работа. Тогаш тој е тотален аматер и неук. Тогаш целиот систем е целосно издупчен и ние сме тогаш многу загрозена земја. Има многу причини зошто мислам дека сме загрозена земја, но во овој случај станува збор за очевидно организиран трансфер на човек за кој Вучиќ, Рама и Ѓукановиќ и Орбан знаеле дека само неколку часа го делат од одење в затвор, рече Тадиќ.

Тој тврди дека Вучиќ „намерно лажел“ во интервјуто за ТВ Хепи, обвинувајќи го дека купил „мерцедес” како и Груевски.

– Груевски стори кривично дело на нелегална трговија со своето политичко влијание, истакна Тадиќ и потсети дека поранешниот македонски премиер е снимен како бара возило што ќе биде купено за него.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ отвори нова дилема: Груевски влегол во Албанија легално или нелегално?

Што е пасаван, со кој според Вучиќ, Груевски избега до Унгарија

Српскиот претседател Вучиќ: Еве како побегна Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Срби играа фудбал на границата со Македонија за да им помине времето на чекање поради гужвата и долгите колони

Редакција

Грчка влада: Се наоѓаме во преоден период и Заев има право да го користи уставното име

Редакција

Учениците во Србија почнуваат со настава, училиштето каде што се случи масакрот уште без настава

Редакција