еМагазин
Image default
Македонија

„Талир“ на СЈО одложен за 16 април

Судењето за предметот „Талир“ на Специјалното Јавно обвинителство (СЈО) во кој обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски и Леко Ристоски обвинети само за делото „перење пари“ е одложено за 16 април.

За истото дело, како правен субјект со обвинението е опфатена и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Адвокатите на обвинетите побараа од судијата Осман Шабани да го одложи рочиштето со образложение дека со СЈО се договориле да им достават ЦЕ-ДЕ со вербални докази на сведоци по кое би ја подготвиле и одбраната.

На почетокот на денешното судење, обвинителката Ленче Ристовска побара од судот да ја издвои постапката за обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство, со цел, како што рече, непречено одвивање на процесот

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале парите да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на различни луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без азилантот Груевски продолжува судењето за „Титаник“, во Кривичен рочиште и за „Титаник 3“

Редакција

Од Ковид-19 починале 18 лица, 15 имале коморбидитети

Редакција

СДСМ на Конгрес ја потврди поддршката за Пендаровски за втор мандат за претседател на Македонија

Редакција