еМагазин
Image default
Забава

Тамара Тодевска ги откажа концертите во Прилеп и Охрид: Грешката прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство

Тамара Тодевска по скандалот со македонската химна, го откажа концертот во Охрид и настапот на „Пиво фест“ во Прилеп.

“Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство.

Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид.

Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна.

Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор„, напиша таа на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ганка Цветанова за Тамара и химната: Ниту случајно згреши, ниту ненамерно ја изостави строфата, ова е пробен балон!

Садула, Латас, Тамара: Дотолчена разнишаната верба на Македонците во државата

„Како Гоце Делчев „исчезна“ од химната на Северна Македонија“: Тамара и македонската химна топ тема во регионов

(ВИДЕО) Како Тамара лани без „грешка“ ја интонираше македонската химна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски квалитет кој трае со децении –  ДиЏеј Тодорофф по 15-ти пат издаде ЦД микс компилација

Редакција

Дојран Рок Фест на 6. август во Стар Дојран

Редакција

Во чест на Мирко Попов, промоција на винил издание – Поп култура

Редакција