еМагазин
Image default
Македонија

„Таргет-Тврдина“: Продолжува судењето за масовното прислушување

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, за незаконското следење на комуникациите.

Денеска треба да биде позната и одлуката на Апелацискиот суд дали ќе ја раздвои постапката за обвинетиот Горан Грујовски кој е во бегство, а Судечкиот совет треба да донесе решение и за барањето на СЈО повторно да се спои постапката за обвинетата Гордана Јанкулоска.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

На претходното рочиште обвинетите Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Марјан Шумуликовски, Силвана Златкова, Васил Исакоски и Валентина Симоновска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата за кои се товарат.

Во воведниот говор обвинителката Ленче Ристовска посочи дека СЈО обезбедило голем број на материјални докази и искази на сведоци кои ја разрешуваат дилемата кој, на каков начи, со кои средства и мотиви го вршел незаконското прислушување и оти ќе докажат дека се сторени кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување.

Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Надица Николиќ формирале злосторничко здружение за нелегално прислушкување на кое подоцна му се приклучиле и обвинетите Силвана Златкова, Владимир Варелов, Васил Исакоски и Марјан Шумуликовски, како и сведоците Влатко Георгиевски, Марјан Јанкуловски и Ѕвонко Костовски. Костовски му ги предал записите на Ѓорѓи Лазаревски, кој, пак, му ги доставли на Зоран Верушевски, а тој на Зоран Заев кој подоцна ги предал во СЈО.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

МИА/Фото: Кривичен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски му врати на Заев: Јас ќе “пливам” некако, а ти “уживај” во сопственото тонење

Редакција

(Фото) Не се бориме за дел од политичкиот колач, туку да го намалиме, целта е коренити промени на системот, рече Димитров на промоцијата на „Солуција“

Редакција

(Видео) “Твоја Македонија“: ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 24 партии за престојните избори

Редакција