еМагазин
Image default
Локално

Татко и син од Зајас со метални прачки ги истепале актуелниот и ексдиректорот на гимназијата во Кичево

Две лица од кичевското село Зајас, Ш.Ј. (58) и неговиот син Ш.Ј (25), денеска, околу 11 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, започнале вербална расправија, а потоа со метални предмети физички ги нападнале Ф.А. (33) и Н.Б. (42) од Кичево.

Тие се пренесени во Општата болница каде им биле констатирани телесни повреди. По преземени мерки, напаѓачите се пронајдени и приведени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, вели портпаролот на СВР -Охрид Стефан Димоски.

Имено, нападнатите се сегашниот и бившиот директор на кичевската гимназија „Дрита“, нападнати од поранешен вработен во ова установа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му зарил нож по куса расправија

Редакција

(Фото) Станари се евакуираат од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“ поради присуство на непозната материја

Редакција

Две лица тепале тројца во автобус на ЈСП

Редакција