еМагазин
Image default
Македонија

Таткото на Саздовски побара од родителите на осудените да кажат каде е третиот осоминичен, кој е во бегство

Ниедна мајка не треба да го закопа својот син. Казната, за жал, е толкава колку што ја предвидел законот. Во Македонија нема поголема казна за лица до 20 години. Меѓутоа, за нас како родители и за мене лично и илјада години да беше казната, односно нема земски суд што би определил вистинска казна за ова дело, истакна таткото на убиениот Никола Саздовски, Тони Саздовски по пресудата во Кривичниот суд на обвинетите за убиството на неговиот син.

– Не можам да кажам дека не сум задоволен како што има шпекулации во јавноста дека во Македонија воопшто нема правда. Од ова видовме дека колку толку правдата може да биде задоволена и се надевам дека некој повисок суд нема да ја преиначи, туку ќе ја остави истата, истакна Саздовски.

Тој на родителите на обвинетите им порача да го кажат третиот сторител осомничен кој е во бегство, бидејќи, како што рече, сигурен е дека тие знаат кај се наоѓа, да го кажат и да не дозволат нивните деца сами да останат во затвор, туку како нивни соучесник и тој да сноси дел од вината за делото што го направил.

– За Никола веќе нема враќање. Тие сите што го знаеја, а го знаеја многу луѓе, знаеја дека тој не беше насилник, сакаше да другарува со сите, рече Саздовски.

Тој појасни дека материјалната штета доколку некогаш се наплати во која било форма ќе биде донирана во хуманитарни цели, односно како што рече, тие ќе бидат донирани за турнирот во фудбал во село Ракотинци кој се организира во чест на Никола Саздовски, како и за други хуманитарни цели.

Братот на обвинетиот Бесир Беља, Бесар Беља рече дека не се задоволни од одлуката и дека ќе се жалат на апелација.

-Видовме дека се уште нема правда во Македонија, ова е премногу и е еднострана пресуда, истакна Бесар Беља

МИА/Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесир Беља и Скендер Демири осудени по 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Силјановска го посети штабот на Пендаровски, кој ја пречека?

Редакција

(ВИДЕО) Промовирана нова униформа за 1.200 млади полициски службеници

Редакција

Детален преглед: Целосно отсечени села и непроодни патишта поради снежните врнежи

Никола Осило