еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ТАВ Македонија ја прими наградата од ACI за квалитетот на услугите на скопскиот аеродорм

Меѓународниот аеродром Скопје доби наградата за квалитет на аеродромските услуги (Airport Service Quality Award–ASQ) за 2018 година на свеченост во рамки на Глобалниот самит за искуство на клиентите на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International–ACI)ACI, кој се одржа во Бали од 2 до 5 месецов.

Анџела Гитенс, генерален директор на ACI World, му ја врачи плакетата за ASQ наградата на Алпер Ерсој, генералниот директор на ТАВ Македонија, концесионерот на Меѓународниот аеродорм Скопје и аеродормот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

– Оваа награда значи дека скопскиот аеродром е еден од најдобрите аеродроми во Европа во однос на патничкото искуство за 2018 година, во категоријата на аеродроми со помалку од два милиона патници на годишно ниво.

Ова е четврти пат како Меѓународниот аеродром Скопје се закитува со наградата ASQ, откако претходно ја доби за 2012, 2013 и за 2015 година. Бидејќи во 2018 година ја надминавме бројката од 2 милиона патници, следната година скопскиот аеродром ќе се натпреварува во друга категорија – аеродроми до пет милиони патници на годишно ниво, изјави Ерсој.

Програмата за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) е водечка програма на глобално ниво за аеродромски услуги за патници и референтна точка, што го мери задоволството на патниците низ 37 клучни индикатори за успешност. Се спроведува од страна на сертифицирани агенти за спроведување анкети со патници, додека тие се на аеродромот, преку стандардизирани Прашалници за квалитет на аеродромските услуги на ACI.

ТАВ Македонија оперира со Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Преку двата аеродрома во првите осум месеци од годинава се превезени 1,8 милиони патници (1.774.482), што претставува 12,1 процент годишен пораст, а реализирани се 14.744 летови, што е 9,9 проценти пораст на годишно ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маркет Garage Акција во сите Рамстор маркети

Редакција

А1 Business со најнова атрактивна понуда за деловните корисници

Редакција

На кафе со #ЖениМК во Ланголо до дискусија која ги поставува темелите на општествениот напредок

Редакција