еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Театарски оскар во Хрватска за претставата „Орестија“ на режисерот Дејан Пројковски

Претставата „Орестија“ во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на „Хрватско народно казалиште“ од Сплит, ја доби највисоката награда за најдобра претстава во Република Хрватска.

Покрај Пројковски, дел од авторскиот тим на претставата се и македонскиот сценограф Валентин Светозарев и композиторот Горан Трајкоски.

Доделувањето на највисоките театарски признанија, „Награде хрватског глумишта“ од страна на Хрватското здружение на драмски уметници се одржа изминатата сабота во „Хрватско народно казалиште“ во Загреб.

„Авторскиот тим и ансамблот под водство на Дејан Пројковски со оваа силна и впечатлива претстава ја раскажаа Есхиловата трагедија, поврзувајќи го на суштинско и мисловно ниво античкото време со денешницата.

Откривајќи ја целосно Есхиловата човечка природа полна со немири, двојба, мрачни нагони, но и желба за воспоставување хармонија, креаторите на оваа претстава создадоа дело со висока естетика“, беше истакнато од театарската критика.

Наградата која викендов му беше врачена на Пројковски од претседателката на Хрватското здружение на драмски уметници, Перица Мартиновиќ, важи за највисока награда за театар во Република Хрватска.

Се смета за едно од најважните и најреномираните признанија во целиот регион, а хрватските медиуми ја најавуваат како Театарски оскар. За доделувањето на наградите одлучуваше петчлено жири од истакнати театарски дејци.

Пројковски премиерно ја постави „Орестија“ на годинешното 64-то по ред „Сплитско лето“ кое се одржа во август, на коешто се закити со главната награда за најдобро уметничко остварување – „Јудита“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Елизабета Ѓоргиевска на фестивалот за деца „Литера“: Секој од нас длабоко во својата душа има простор посебно одвоен за светот на приказните

Редакција

„Кооперација“, нова платформа за споделување на ставови, авторски текстови и слики

Редакција

Донација товарно возило од Витаминка за ТППЕ Прилеп

Редакција