еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Техничка влада од 3. јануари: Како ќе изгледа?

Новата техничка влада треба да биде избрана 100 дена пред одржување на предвремените парламентарни изборите кои се закажани на 12. април следната година. Според процедурите, до Собранието до крајот на декември треба да пристигне предлог составот за техничката Влада, за да може на 3. јануари да биде закажана седница за гласање на новата Влада, посочи вчера претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

Како ќе изгледа техничката влада?

Техничкиот премиер во техничката влада ќе дојде од владејачката СДСМ. Веќе извесно време за таа позиција се шпекулира со името на актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ пак во техничката влада ќе ги земе министерските места во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

ВМРО-ДПМНЕ ќе добие и заменици министри во Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за администрација и информатичко општество.

Привремената влада има мандат до изборите

Техничката влада ќе има мандат до одржувањето на предвремените парламентарни избори, односно избраните министри и заменици-министри ќе останат на таа функција до конечното објавување на изборните резултати од страна на Државната изборна комисија (ДИК).

Главна задача на техничката влада е да ги организира изборите. Во текот на нејзиното функционирање не може да има вработувања, унапредувања, инвестиции…

Последното искуство со техничка влада во Македонија покажа голема нефункционалност, но на крај беа спроведени фер и демократски избори.

Како изгледаше последната техничка влада

Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ беше последниот технички премиер, откако тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој сега е азилант во Унгарија, се повлече од премиерската позиција.

СДСМ која тогаш беше во опозиција ги доби министерските места во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, односно министри станаа Спасовски и актуелната пратеничка и потпреседателка на Собранието, Фросина Ременски, која е осомничена за случајот “Рекет“.

СДСМ доби и заменици министри во Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за администрација и информатичко општество.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Да се подготвиме за преговори засновани на разум, не на емоции, му порача Борисов на Османи

Редакција

Како се случила сообраќајката кај Росоман во која загинаа две лица: Детали од МВР

Редакција

Во штипската модуларна болница украдени 20 до 30 метри бакарни цевки

Редакција