еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Технолошки форум во организација на Ротари клуб Скопје – Интернационал: „Скопје смарт сити – паметен, поврзан и чист град“

Поголема функционалност, поврзаност и подобра животна средина преку користење нови технологии е главниот фокус на технолошкиот форум  „Скопје смарт сити – паметен, поврзан и чист град“, во организација на Ротари клубот Скопје – Инетрнационал , што ќе се одржи  денес, со почеток во 18.00 часот, во хотел ТЦЦ Гранд Плаза – Скопје.

Во рамките на форумот ќе се презентираат новите можности за користење на сензори преку кои ќе се овозможи размена на податоци помеѓу бизнисот, граѓаните, институциите и универзитетите, со цел полесно управување на ресурсите и подигнување на квалитетот на живот во Скопје.

Главна цел на коференцијата е и презентирање на платформата „The Things Network” која е лесно достапна и ефтина и ќе овозможи размена на податоци и создавање на нови паметни апликации во градот Скопје.

„Новите технологии и научни достигнувања се значајни само доколку дадат конкретен бенефит во секојдневниот живот на луѓето и додадат нова дополнителна вредност. Нашата цел е да дадеме придонес и да потикнеме дискусија со која ќе отвориме нови можности за искористување на новите технологии и осовременување на секојдневниот живот, следејќи ги навиките на модерниот човек“, истакна Владимир Крстиќ, претседател на Ротари клубот Скопје – Инетрнационал.

На конференцијата ќе зборуваат д-р Игор Мишовски, вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, чие излагање ќе биде на тема „Поврзано и паметно Скопје – спрега помеѓу стартапите, бизнис секторот, универзитетите, владата и граѓаните“.

„Паметни градови – предизвици и можности“ е темата на која ќе зборува д-р Мирослав Котевски, сопственик на компанијата М2К ИЦТ & консалтинг и професор на Балканскиот универзитет во Скопје, Факултет за инжењерство.

Ротари клубот Скопје – Инетрнационал преку своите активности се залага за креирање на нови можности за млади, талентирани кадри. Во насока на оваа определба, на Технолошкиот форум ќе зборуваат и Кирил Зелениковски и Филип Каранфиловски, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжењерство, кои во текот на студиите покажуваат извонредни резултати и се вклучени во различни проекти.

Каранфиловски и Зелениковски ќе зборуваат на една од најважните теми во урбаното живеење „Мрежа за управување на отпад со користење на Riemann Garbage Bin“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пејпер Мил“: По рестартирањето, ја започнуваме последната фаза од изградбата на прочистителната станица на вода

Редакција

Студија: Согорување на биомасата најголем извор на загадување на воздухот во Скопје

Редакција

Цементарница Усје во рок од пет дена да премине на загревање со природен гас, наложи Државниот инспекторат за животна средина

Редакција