еМагазин
Image default
Балкан

Телата на загинатите во авионската несреќа на Солунска Глава ќе се идентификуваат со ДНК-тест

Со ДНК-тест ќе се утврдува идентитетот на загинатите во авионската несреќа која се случи завчера во близина на Солунска Глава, во која загина четиричлено семејство од Бугарија.

Како што пренесе бугарската БГнес, министерот за внатрешни работи на Бугарија, Младен Маринов во изјава за медиумите информирал дека за потребите на експертизата ќе бидат земени примероци од блиски роднини на загинатите, бидејќи телата биле јагленосани и не можат да се идентификуваат на друг начин.

-За да се забрза целата процедура роднините на семејството ќе треба да отпатуваат во Северна Македонија, истакна Маринов нагласувајќи дека Бугарија ќе помогне со се што е потребно за да се намали нивната болка.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Завршен увидот, следува истрагата за уривањето на авионот на Солунска Глава

М-НАВ: Пилотот на авионот кој се урна на Солунска Глава имаше дозвола за слетување на скопскиот аеродром

МВР објави видео од авионската несреќа на Солунска глава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Датумот за преговори на Скопје и Тирана би бил добра вест 

Редакција

„Продолжуваме со промената“ победи на изборите во Бугарија: 7 партии влегуваат во Парламентот, ќе има втор круг за претседател

Редакција

Борисов: Бугарија го признава македонскиот јазик согласно формулацијата од Договорот за добрососедство

Редакција