еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Telekom Electronic Beats Weekender: Подгответе се за продолжен викенд со клупска музика

Иако температурите паднаа, Telekom Electronic Beats Weekender ќе ја подгрее атмосферата во градот.

По успешниот летен TEB Picnic што се одржа во Градскиот парк, овојпат на ред е зимска забава на затворено, која ќе се случува претстојниов викенд.

Тридневното Telekom Electronic Beats Weekender искуство почнува вечерта на 6 декември во клубот Минус 1, за да продолжи на 7 декември во клубот Епицентар. Овие два дена се загревање за главната забава, за која е резервиран крајот од викендот.

В недела, 8 декември, предвидена е целодневна, 15-часовна забава која ќе почне со зимски pop-up маркет во 13:00 часот во дворот на Three Kitchen and Bar. Покрај квалитетна музика и поставка на уметнички инсталации и рачни изработки, посетителите ќе можат да дегустираат грејано вино, вурст колбаси, костени, вафли и други вкусни закуски.

Забавата ќе продолжи во текот на ноќта со диџеј сетови во клубот 12.12, каде што посетителите ќе можат да разгледаат и да купат музички плочи од изложбата на Skopje Vinyl Convention.

Оние најупорните, решени да се забавуваат до самиот крај на продолжениот викенд, ќе ја имаат шансата да го направат тоа во Станица 26, каде што главната забава започнува во 23:30 часот и ќе продолжи до раните утрински часови во понеделникот.

Дојдете на Telekom Electronic Beats Weekender – незаборавно викенд искуство на кое ќе настапат преку 20 музичари. Се гледаме таму!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професор од Кавадарци бесплатно нуди интернет математика во време на изолација поради коронавирусот

Редакција

И Макпрогрес ќе им даде дополнителни 3 месеци скратено работно време на родителите кои се враќаат од породилно

Редакција

Во Веро центар ќе се направи најголемата чоколадна торта во Македонија долга 4 метри

Редакција