еМагазин
Image default
Македонија

Јанева со писмо до СЈО побарала сите предмети во рок од три дена да се предадат на Јавното обвинителство

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто оризари како осомничена за случајот „Рекет“, дала наредба сите истраги и предистражни постапки на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во рок од три дена да бидат предадени на Јавното обвинителство (ОЈО), потврдија за МИА од СЈО.

Тоа значи дека целокупната документација, заедно со доказите и полномоштвата на обвинителите, треба да се префрлат во ОЈО.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Неговиот иден статус треба да се реши со новиот закон за ЈО кој е во собраниска процедура, но за кој власта и опозицијата засега не можат да се усогласат.

Од СЈО најавија дека наскоро подетално ќе информираат за наредбата на Катица Јанева.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во писмото во кое Јанева бара сите предмети, истраги и предистраги на СЈО да бидат предадени на ОЈО

Ред се реди пред Обвинителството за „Рекет“, ама Боки 13 не го викаат на распит

Ќе има ли „тепачка“ кој да ја замени притворената Катица Јанева

Катица Јанева ќе земе плата и за август, незвесно дали ќе добие и 30% додатоци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во Дебар нема новозаразени, на домашно лекување само двајца

Редакција

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Редакција

(Фото) Ново стрелиште на Армијата и МВР во касарната „Илинден“

Редакција