еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

„Телма“: „Еко клуб“ е фирмата која носела медицински отпад во „Дрисла“ и не постапила по процедури

Битолска фирма за транспорт и третирање на комунален и медициски отпад „Еко клуб“ ги игнорирала процедурите и доставувала опасен и заразен материјал до депонијата „Дрисла“ за да биде изгорен, објави телевизија „Телма“.

Сопственик на оваа фирма бил локалниот бизнисмен и почесен конзул на Унгарија, Сашо Јанакиевски.

Фирмата „Еко Клуб“, која според процедурата морала да го стерилизира медицинскиот отпад, само го ситнела во обична дробилка и потоа така го испраќала во „Дрисла“. Затоа на отпадот во купиштата смет се најдени игли, шприцеви, шипшенца со крв и други остатоци од медицински отпад.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски, денеска објавија видеа и фотографии на кои јасно се гледа неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад каде што кучиња скитници јадат човечки остатоци и крв што истекува во атмосферската канализација и се влева во реката Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Скандал во „Дрисла“: Кучиња скитници јадат човечки остатоци и крв која потоа истекува во реката Вардар

Фото: Дрисла

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на „Скопје Север“ не гледа ништо спорно што топланата го користи загадувачот мазут

Редакција

Над 50 вреќи ѓубре собраа околу 80 извидници од 23 европски земји, заедно со активисти за „Чист Охрид“

Редакција

(Фото) МојВоздух со сателитски податоци за загадувањето: Што може да се открие преку нив

Редакција