еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Телма, Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М се обединија во ММА Медиуми

Централниот Регистар на Република Македонија по пријавата за упис на основање на Македонска Медиумска Асоцијација (ММА Медиуми) донесе решение со кое се одобрува пријавата.

Сопственици на новата асоцијација се националните телевизии Телма, Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М, а претседател е главниот уредник на Телма, Атанас Кировски.

Како цели на асоцијацијата се наведени напредок и развој на медиумите, во насока на подобрување и унапредување на медиумската дејност и медиумите, унапредување на професионалните стандарди во медиумското работење и медиумската дејност, детектирање на проблемите во системот на професионалните стандарди за медиумско работење и медиумска дејност, подобрување на условите за работење на медиумите, детектирање на проблеми во законодавството и правната регулатива која го уредува работењето на медиумите и медиумската дејност, делување за промени во законодавството и правната регулатива која го уредува работењето на медиумите и медиумската дејност и други стратешки цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР уште во 2012 поднела кривична за тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството не презело ништо, изјави Спасовски

Редакција

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Редакција

Бугарија се уште не ги исполнува условите за влез во еврозоната, велат од Европската комисија

Редакција