еМагазин
Image default
Бизнис

Телма: За 5 месеци фирмата на братот на Крсто Мукоски на тендери добила 950 илјади евра

Телевизијата Телма објави дека над 58 милиони денари или околу 950 илјади евра е вкупната вредност на тендерите кои вевчанската фирма Атриум, водена од братот на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски ги има потпишано со државни органи во последните 5 месеци.

Против таа фирма во тек е предистражна постапка за тендерот за варосување и дополнителни градежни работи на скопскиот стадион пред одржување на европскиот супер куп и натпреварот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Поради сомнежи дека зад итност на постапката за стадионот се кријат високи и напумпани цени за фарбање на квадрат ѕид и за градежни преправки, Владата поднесе пријава, а финасиската полиција се уште го истражува случајот, објави Телма.

Фото: Фејсбук/Мукоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тетекс“ со намалена добивка

Редакција

„Технолаб“ го доби тендерот за мерење на емисијата штетни материи од оџаците на РЕК Битола вреден 53.000 евра

Редакција

Трошоците на општините за струја зголемени за 1 милијарда, а капиталните инвестиции намалени за 1,9 милијарда денари

Редакција