еМагазин
Image default
Локално

Тело на починат маж во распаѓање, пронајдено во близина на Жировница

Тело на починат маж е најдено во близина на регионалниот пат што води од Маврово кон Дебар.

Засега не се познати идентитетот и причината за смртта. Според првичните информации, телото кога било откриено се наоѓало во фаза на распаѓање.

Од СВР Тетово информираат дека по пријавата вчера (27.07.2021 околу 15:40 часот), полициски службеници излегле на терен. Во месноста „Жировничко анче“ во близина на регионален пат Дебар-Маврово бил пронајден човечки труп.

По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција. Идентитетот на лицето и причините кои довеле до смртта ќе се утврдат по извршената обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Му продале стан во Струга кој не бил во нивна сопственост

Редакција

Кривична пријава за екс-градоначалникот на Свети Николе: Дозволил да се „молзе“ општинската каса

Редакција

СВР Тетово поднесе кривична пријава против лицето кое си ја уби сопругата во Мала Речица

Редакција