еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Телото на Стефановски денеска беше кремирано: Студентите започнале петиција една од зградите на Универзитетот во Кент да го носи неговото име

Режисерот Слободан Унковски сподели статус од новинарката Маја Петрушевска, која живее и работи во Лондон, дека денеска пријателите, колегите, студентите, роднините се простиле од драматургот Горан Стефановски, во Кентербери, Англија.

„Во преполната сала исполнета да последното ќоше, седечки и простум, немаше игла каде да се фрли. Со грутки во стомакот, срцето, солзи во очите и со љубов и почит за Горан. Сите, до еден. Неговите студенти започнаа петиција една од зградите на Универзитетот во Кент каде што беше професор ѕвезда, да го носи неговото име. Горан не дочека со Зајди, зајди. Не испрати со Strawberries field forever. Се простивме со Горан. Со национално богатство не може никој да се збогува! А Горан е повеќе од тоа“, напиша Слободан Унковски на својот профил на Фејсбук.

Семејството објави дека телото на Стефановски ќе биде кремирано денеска во Кентербери, а пепелта ќе биде расфрлена во Охридско езеро.

Линк до петицијата ОВДЕ

Фото: ЕУ инфо центар Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

еМагазин се приклучува на иницијативата Драмски театар да го носи името на Горан Стефановски

(Видео) Професионалец до крај: Во најтешките моменти од животот, Влатко Стефановски не го откажал концертот во Мелбурн

Уметниците со неверување ја примија веста за смртта на Стефановски: Македонската драма го загуби својот Шекспир

Горан Стефановски ќе биде кремиран, а пепелта ќе му биде расфрлана во Охридското езеро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија најави дека ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО

Редакција

Нова демократија ги загуби Атина и Солун на локалните избори во Грција

Редакција

Народната банка вработува шест лица, плата до 61.445 денари

Редакција