еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Температури и до минус 11 степени до крајот на неделата

Студени утра со температура и до 11 степени под нулата и снежна покривка ја очекуваат земјава во наредните денови.

Времето од утре ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег.

Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см.

Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и наместа ќе се формира помала снежна покривка.

Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.

Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.

Температурата утре ќе се спушти до минус три, во четврток до минус седум, петок до минус 11, сабота до минус девет и понеделник до минус осум.

Дневната температура утре ќе се искачи до осум степени, во четврток до шест, петок до осум, сабота 10, недела 11 и понеделник до 13 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кои се 10. победнички во изборот „Жена на годината 2021”

Редакција

Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека“, препорачуваат од Европската агенција за лекови

Редакција

(Фото) И ќерката на Заев го пречека папата Франциск

Редакција