еМагазин
Image default
Бизнис

„Тепачка“ за наплата на побарувања од стечајот во „Бетон Штип“: Парите си ги бараат 577 доверители

Утврдени се побарувањата на доверителите на градежната компанија „Бетон Штип“. Стечајниот управник за овој поранешен градежен гигант прифатил побарувања од доверители во висина од 936 милиони денари или околу 15.344.000 евра. Оспорени побарување се вкупно 545 милиони денари.

На денешното испитно рочиште во Основен суд-Штип се јавиле околу стотина доверители на кои им се оспорени побарувањата.

„На денешното испитно рочиште, стечајниот управник се произнесуваше по приговорите поднесени против табелата на утврдени и оспорени побараувања поднесени од доверители на кои им е оспорено побарувањето“, информираат од Основен суд-Штип.

На оние доверители на коишто не им се прифатени побарувањата можат да покренат судска постапка.

Стечајна постапка за оваа компанија е отворена на 2 јули, годинава.

Градежната компанија „Бетон Штип“ има вкупно 577 доверители, од кои што 124 се фирми, а останатите се вработените во оваа компанија.

На 10 декември ќе се одржи Извештајно собрание во Основен суд-Штип, каде што доверителите треба да одлучат за судбината на компанијата. Има две опции едната е ликвидација, а втората реорганизација на компанијата.

Штипски „Бетон“ на македонската јавност и е позната по тоа што беше најголем корисник на тендерските постапки од проектот Скопје 2014.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската берза ги исклучи од котација акциите на „Бетон Штип“

Извршители влегоа во Бетон Штип

Доставено барање за стечај на штипски „Бетон“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Октопус Ријека“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за одржување на преливна шахта во ХЕЦ Козјак вреден 537.000 евра

Редакција

АЕК вработува 11 службеници, плата до 80 илјади денари

Редакција

„Пивара Скопје“ ја зголеми добивката

Редакција