еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Тешко нас: Од вонредна состојба во изборна кампања

Се погласни се најавите дека парламентарните избори ќе се одржат во јуни, годинава што значи дека набргу по завршувањето на вонредната состојба поради корона вирусот Македонија ќе влезе во изборна кампања.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера во емисијата „Вин вин“ на Телма информира дека добил покана за учество на лидерската средба закажана за 12 мај од кабинетот на претседателот на државата и оти по завршувањето на вонредната состојба Државната изборна комисија (ДИК) веднаш треба да почне со подготовка на изборите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека јуни е најприкладен период да се одржат избори.

„Демократски треба да постигнеме здраворазумски договор за одржување на изборите, но, не верувам дека ќе имаме вака прикладен период, како сега во јуни, секако под услов кризата со корона вирусот целосно да биде одмината.

Сите земји го избегнуваат јули, затоа сметам дека јуни е поприкладно да се одржат изборите, секако со договор“, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, во емисијата „На прав пат“ на Алсат телевизија.

Сепак, и двајацата како да заборавија дека според вчерашните бројки има пораст на бројот на новодијагностицирани случаи на заразени од корона вирусот. Истовремено, случајот со литијата во Струга само покажа како голем број од граѓаните ги сфаќаат препораките за заштита од корона вирусот.

Забележливо е чувството дека избори се форсираат по секоја цена и при тоа се заборава дека во земјава се уште има граѓани кои умираат од корона вирусот.

Прашање е колку од граѓаните ќе излезат на гласање доколку не е целосно исчезната заканата од смртоносната болест.

Извесно е дека политичарите имаат своја математика и дека оцениле дека е подобро избори да се одржат што побргу, што значи дека големи се шансите вонредната состојба „преку ноќ“ да се претвори во изборна кампања во која ќе се изнаслушаме различни ветувања од политичките партии.

По нападот од корона вирусот и рестриктивните мерки за заштита, само уште тоа ни фалеше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во среде дебата за избори, раст на бројот на заболени со коронавирусот

“Корона“ изборите се поизвесни, прашањето е дали ќе бидат во јуни или јули

Филипче: Кога и да се одржат изборите мора да се спроведат по строг протокол, работиме на олабавување на мерките

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Гази Баба склучи договор со “Филип инженеринг“ вреден над 1 милион евра

Редакција

„НАТО е клинички мртов“, вели Макрон, Русија го поздрави

Редакција

Во Македонија има фалсификување на историјата која ги претставува Бугарите како Татари, рече Џамбаски во Европскиот парламент

Редакција