еМагазин
Image default
Локално

Тешко повреден пешак во Скопје по удар од „Опел Астра“

На 14.08.2019 во 10,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата “Џон Кенеди“ и улицата “Благоја Паровиќ“ патничко моторно возило “Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Љ.(63) од Скопје, удрило во Р.Д.(79) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца тепале момче во автобус на релација Центар-Долно Количани

Редакција

Обвинет за убиство сакал со лажен идентитет да се врати во Македонија

Редакција

Исчезна скопјанец со психички проблеми

Редакција