еМагазин
Image default
Локално

Тешко повреден полицаец: Се самозaстрелал пред кафана во Битола

На 10.05.2020 околу 09.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг простор пред угостителски објект на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, еден полициски службеник од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил, информира МВР.

Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. За настанот е запознаен Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени двајца гостиварци: Уценувале девојка со објава на компромитирачки материјали

Редакција

Поранешниот возач на Хазби Лика пронајден мртов во својот автомобил во центарот на Тетово

Редакција

Приведени штипјанец и струмичанец барани со потерница

Редакција