На 11.08.2019 во 18.40 часот било пријавено дека на улицата „Страшо Пинџур“ во с. Ваташа, кавадаречко, патничко моторно возило „Форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ.(31) од Кавадарци, удрило во велосипед управуван од Ј.А.(66) од Кавадарци, информира МВР.
Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.