еМагазин
Image default
Локално

Тешко повредена жена во верижен судар на четири возила на патот Радовиш-Штип

На 04.08.2019 година во 18:50 часот на магистрален пат А-4 Радовиш-Штип се случила сообракајна незгода во која учествувале четири патнички моторни возила, кои се движеле во ист правец и тоа: возило „Фиат Добло“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Г.В (47) од Струмица, возило „БМВ-Х5“ со италијански регистерски ознаки, управувано од П.Ш (59) од Италија, возило „Шкода фелиција“ со струмички регистерски ознаки, управувано од В.М (60) од село Василево и возило „Голф“ со струмички регистерски ознаки, управувано од М.И (25) од Струмица, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Р (51), која била сопатник во возилото „Голф“, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовец за време на полициски час дивеел со „БМВ“

Редакција

Прилепчанец со „Фиат добло“ удри во осумгодишно дете

Редакција

14-годишно девојче од Тетово грабнато додека одело кон маркет и силувано од соседот

Редакција