еМагазин
Image default
Локално

Тешко повредено петгодишно дете откако тригодишник спуштил рачна кочница на возило

На 26.09.2019 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено петгодишно дете од Скопје со тешки телесни повреди. По преземени мерки било констатирано дека околу 18.00 часот на ул.„Лука Геров“, откако неговиот татко Е.К. го запрел патничкото возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, за да пренесе товар, другото негово тригодишното дете во возилото ја спуштило рачната кочница, информира МВР.

Поради ова возилото се придвижило и со предното тркало удрило во петгодишното дете. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајка тешко повредено дете од Тетово

Редакција

Скопјанец пријавил физички напад врз неговиот малолетен син

Редакција

Штипски пожарникар исчезнал на планината Серта

Редакција