еМагазин
Image default
Локално

Тешко повредено шестгодишно дете по удар од мотоцикл

На 06.06.2019 година во 18.00 часот во с.Марино, скопско, мотоцикл „Лонгија Баутијан“ без регистарски ознаки, управуван од 16 годишно лице од с.Кадино, удрил во шестгодишно дете од населба Илинден, информира МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобило шестгодишното дете кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Додека, со телесни повреди се здобил возачот и сопатникот на мотоциклот на возраст од 16 години. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инцидентот во Техномаркет во Скопје се случил во септември, напаѓачите се приведени

Редакција

Парно имаат сите објекти во кои се провери инсталацијата пред грејна сезона, тврдат од ЕСМ

Редакција

Шест нови случаи со морбили во Скопје и околината, меѓу нив бебе од 42 дена

Редакција