еМагазин
Image default
Македонија

Тестови за корона вирусот ќе се прават и во Битола

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека од денеска започнува да се организира крајната фаза за да профункционира лабораторијата во болницата во Битола каде што ќе се анализираат сите брисеви на пациенти хоспитализирани тука, но и од регионот со што ќе се растерети капацитетот во лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

Инаку, тој соопшти дека во модуларната болница има 60-ина слободни кревети и практично е целата слободна.

„Само еден пациент е сместен во болницата во Козле која што изминативе неколку денови практично се стави во функција за третман на КОВИД позитивни пациенти, доопремена е со неопходната опрема која што е потребна, како и соодветен број на лекари коишто доаѓаат од интернистичките клиники, пред се специјалисти пулмолози коишто ќе работат заедно со тамошните експерти, значи тука ќе бидат сместувани не само деца како досега, туку и возрасни доколку има потреба.

И покрај тоа што има доволен болнички капацитет, медицинскиот персонал е навистина преморен.

Ние секојдневно правиме и реорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа и ова засега добро функционира. Системот можеме да го одржиме, но секако дека не можеме да издржиме без помош од граѓаните и почитувањето на мерките од нивна страна“, рече Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Рано е да се отворат градинките, можно е таму да се зголеми трансмисијата на корона вирусот

Филипче: Се предлага отварање на казината, автомат клубовите и теретаните

Нови 90 случаи на Ковид-19, во Скопје 36

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Протестот против „францускиот предлог“ помина мирно и без инциденти, продолжува утре

Редакција

Спасовски не сака да коментира дали ќе биде дел од новата Влада

Редакција

Криволак станува меѓународен полигон: Обука на војската на Црна Гора со поддршка на АРМ

Редакција