еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Тетекс“: Компанијата не се затвора, туку нерентабилен погон

На барање на Македонска берза АД Скопје, известуваме дека запирањето со производството на тешката конфекција не значи запирање на деловните активности на компанијата, односно не значи нејзино затварање, соопшти „Тетекс“ преку берзата.

„Напротив, таквата деловна одлука е донесена во насока на одржување, односно зголемување на рентабилноста на компанијата, што претставува дел од добро корпоративно управување и заштита на интересите на акционерите на компанијата.

Имено, деловната единица која е предмет на затварање, во континуитет работеше нерентабилно, односно со загуби, при што истите се покриваа од добивките на рентабилните деловни единици од групацијата на „Тетекс“ АД Тетово.

Врз основа на напред наведеното, органот на управување на друштвото, согласно своите овластувања дадени со Законот за трговски друштва и Статутот, а со цел ресурсите на компанијата да се стават на располагање на рентабилните деловни единици и да се максимизира нивниот учинок, ја донесе предметната одлука“, објаснуваат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка: Престанокот на производство во „Тетекс“ нема да влијае врз нашата работа

Нема зима за акционерите на „Тетекс“

Кои се членовите на Одборот на директори на „Тетекс“?

Тито Беличанец продаде 4.000 акции од „Тетекс“ за 146.000 евра

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако не се договориме ќе избие Трета светска војна: Зеленски подготвен за средба со Путин

Редакција

(Видео) Со свечена церемонија охриѓанецот Пендиков стана Бугарин, документите му ги врачи потпретседателка Јотова

Редакција

Србија тврди дека дроновите кои летаат над касарни доаѓаат од Косово

Редакција