еМагазин
Image default
Локално

Тетовец застрелан пред очите на сопругата

На 01.07.2020 во 17.58 часот во СВР Тетово, Р.М.(38) од Тетово пријавила дека на ул.„Љуботенска“ во Тетово, со патничко возило „мерцедес“, со непознати регистарски ознаки дошле Н.Б.(31) и А.Б.(38), двајцата од с.Лавци, тетовско, и по кратка расправија со нејзиниот сопруг Ш.М.(40) од Тетово,  испукале неколку куршуми кон него, по што го напуштиле местото на настанот, информира МВР.

Ш.М. бил пренесен во Клинички центар Тетово, каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се реконструира најпознатата дискотека во Кавадарци

Редакција

Паркирањето на „Орце Николов“ во Дебар Маало ќе биде само за резидентите

Редакција

Гореше станбена зграда во Гевгелија, среќа нема повредени

Редакција