еМагазин
Image default
Македонија

Тетово може да стане ново жариште на коронавирусот, предупредува Османи

Доколку не се воспостави и воведе спречување на ширењето на Ковид-19, Тетово може да претставува ново критично жариште за коронавирусот, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

После 400 спроведени тестови во Тетово и околината, според Османи, околу 54 лица се позитивни на коронавирусот.

– Значи 20 случаји се во Тетово, 18 во Боговиње, пет во Теарце, шест во Брвеница, по еден во Желино и Јегуновце. Има четири починати и двајца лекувани, повеќето од нив се над 60 години.

Има еден случај со новороденче од пет месеци, другите се лекуваат и им се вршат дополнителни проверки. Последниот случај, е случајот во Боговиње, со заразувње на матичниот лекар, кој резултираше позитвен на Ковид-19.

Но, притоа институции итно реагирале и ги идентификувале сите пациенти кој што имале контакт со тој лекар и се поставени во самоизолација, односно 156 лица во следните 14 дена ќе бидат мониторирани, истакна Османи.

Тој уште додаде дека од Тетово денес имаат примено барање за прекин на превоз на луѓе од една во друга општина на Полошкиот регион. Ова прашање денеска ќе биде разгледувано на владнина седница.

– Верувам ќе биде мерка за спречување на ширење на болеста, односно Тетово, во контекст со Куманово и Прилеп ќе треба да се сметаат како три критични зони, рече Османи

Водно во Гостивар, од 161 тест, како што информираше Османи, позитивни на Ковид-19 резултирале 12 лица. И сите се во домашно лекување.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се прави сериозен план за олеснување на мерките по 1 мај, вели Спасовски

Вкупно 112: Во Прилеп регистрирани девет нови случаи на заразени со коронавирусот

Убава вест: Излекувани уште 25 лица заразени со коронавирусот

Вкупно 1.170: Нови 53 лица заразени со коронавирусот, најмногу во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протокол за лекување од Ковид-19 има, но можеби сме мрзеливи да читаме 35 страници, вели Сали

Редакција

Левица побара од Државната изборна комисија да набави повисоки паравани за гласање

Редакција

Игор Бимбилоски нов член на Извршниот одбор на СДСМ

Редакција