еМагазин
Image default
Бизнис

Тевдовски: До крајот на годината сите ќе имаат увид во исплатите од државната каса

До крајот на годината граѓаните ќе можат да ги видат исплатите од државната каса. Секој потрошен денар ќе биде објавен, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Во тек е подготовка на платформа со која јавноста ќе има увид во сите трошења од Трезорот. Министерството за финансии направи консултации со граѓанските организации и претставници на медиумите, за да придонесат во изработката на платформата. Министерството со овој чекор ќе придонесе кон целосно отворање на процесите на управување со јавните финансии кон јавноста.

– Финансиската транспарентност ја исполнува својата цел. Јавоста има увид и прави притисок за правилно трошење на парите. Европската унија, за разлика од порано кога ја критикуваше нетранспарентноста во јавните финансии, сега во последниот извештај ја издвои токму фискалната транспарентност, како еден од клучните успеси – рече Тевдовски.

Тевдовски посочува дека Министерството за финансии презело и низа други чекори за подобрување на транспарентноста. Како што истакна, се објавуваат извештаи за извршувањето на Буџетот по буџетски корисници на месечна основа, извештаи за извршувањето на Буџетите на општините на квартална основа, а полугодишниот извештај за извршување на Буџетот за првпат содржи детални податоци за сите буџетски корисници. Министерот посочува и дека е направен „Граѓански буџет“, како и дека е организирана јавна дебата за Буџетот пред истиот да биде усвоен од Владата. За следниот „Граѓански буџет“ ќе има веб апликација, изработена од победниците на ФинХакатонот.

Во насока на зголемување на транспарентноста институциите сите договори за јавни набавки и анекси започнаа да ги објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки. Јавните набавки станаа повидливи за јавноста преку платформата Отворени Податоци. Министерството за финансии на веб-страната ги објавува податоците во отворен формат.

фото: Министерство за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски пазар лани со добивка

Редакција

„Паркинзи на Општина Центар“ вработува три лица, плата до 27.283 денари

Редакција

АТС Груп изложувач на престижниот Саем за одбранбена индустрија во САД

Редакција