еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Тевдовски и Елези: Одлично функционираме како тим

Министерот за финансии, Драган Тевдовски и неговата заменичка, Ширет Елези во разговор за еМагазин велат дека добро функционираат како тим.

Има многу моменти во кои Тевдовски треба да биде на повеќе места во исто време, што е невозможно, па посебно во такви ситуации е многу важно да го имаш вистинскиот заменик.

„Ако не сум некаде јас, таму е Ширет. Таа секогаш ги има сите потребни информации со цел да биде подготвена за сите можни прашања. За среќа, ние целиме кон исто. Сакаме подобро општество, поквалитетна економија и подобра иднина за сите.

Во министерството за финансии, најважно е да сте професионалец, но она што ги движи луѓето е желбата да направат повеќе. Затоа сум среќен што имам заменичка која верува во еднакви можности за сите, во подобрување на системот и во креирање подобра иднина за граѓаните.

Со Ширет не сме само коалиција, ние сме тим“, вели Тевдовски.

Дека имаат добра соработка, потврдува и Елези:

„Соработката досега ни е одлична, а верувам дека така ќе биде и следната 2019 година. Годинава надминавме многу предизвици заедно, следната велиме дека ќе биде економска година што значи задачите пред нас нема да бидат полесни, но со ваква соработка ќе ги реализираме.

Кога имаме соработници и тим којшто е подготвен да работи на постигнување на нашите цели можеме да се потпреме на нив“.

Тевдовски е задволен и од тимот. Вели дека го има има еден од најдобрите:

„Кај нас постојано има многу работа, за жал не можеме ни да се видиме колку што би сакале.

Оваа институција е стабилна и кредибилна и има одлични професионалци. Што би рекле некои постари колеги, на кој не му се работи нема долго да остане во Финансии. Министерството според мене, нескромно кажано, го има еден од најдобрите тимови.

Пред некој ден пробавме да сумираме 10 системски промени кои сме ги направиле. Излезе дека многу повеќе сме направиле. Горд сум на мојот тим и благодарен за работата која ја завршија. Сепак, не може да се опуштаме, 2019 година е пред нас, а имаме амбициозен план кој треба да се реализира„.

Која е Елези

Ширет Елези е родена во Франкфурт. На осум годишна возраст со своето семејство се преселиле во Гостивар.

Таму го завршува образованието, додипломските, магистерските и докторските студии. Таа е доктор на науки по економија.

Во Гостивар работела токму во секторот за финансиски прашања, како раководител на сектор во општината, а една година беше и министер за локална самоуправа.

Кој е Тевдовски

Драган Тевдовски непосредно пред да стане министер беше одбран за најдобар професор од студентите на Економскиот Факултет.

Постдипломските студии ги завршил во Данска, па често неа ја спомнува како позитивен пример.

За шегите поврзани со Данска, вели и дека не е така лошо да бидете човек кој сака Македонија да се развива по примерот на скандинавските земји.

„Како поранешен професор, сакам да создадеме земја во која студентите ќе сакаат да останат“, вели Тевдовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување во Израел: Три дози од Фајзер штитат од омикрон, но 4 пати помалку од делта сојот

Редакција

Кои се најголемите акционери во „Македонијатурист“: Колку акции поседуваат Таневски, Беличанец, Копров…

Редакција

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Редакција