еМагазин
Image default
Бизнис

„Тиквеш“ ги зголеми приходите

Вкупните приходи на винарската визба „Тиквеш“ во минатата година забележаа раст од 6%, односно зголемување за 92,9 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Растот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 10%) и од странските пазари (за 1%).

„Бруто добивката бележи раст од 7%, односно зголемување за 44,8 милиони денари. Зголемените трошоци за продажба и маркетинг за 33% резултираа со консолидирана оперативна добивка од 184,9 милиони денари.

Финансиските расходи се намалени за 11,8 милиони денари. Остварена е консолидирана нето добивка од редовното работење пред оданочување на износ од 151,7 милилиони денари“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку вреди одземениот имот на Груевски

Редакција

Намалена добивката на прилепски „Современ дом“

Редакција

(Фото) Алкалоид пушти во употреба нова инвестиција за сопствено производство на влажни марамчиња

Редакција