еМагазин
Image default
Бизнис

„Тиквеш“ го исплати откупеното грозје од бербата 2018

Винарската визба „Тиквеш“ ги исплати сите обврски кон лозарите за откупеното грозје од бербата 2018 година.

Винарницата на индивидуалните лозари и на правните лица, без капитално поврзаните субјекти, за преземеното грозје од 2018 година им исплати над 345 милиони денари. Откупените количини грозје надминаа 28 милиони килограми.

„Во бербата 2018 откупивме квалитетно грозје од дури 36 сорти што ќе ни овозможи да продолжиме со иновациите во нашето портфолио. Ова е од особено значење за понатамошниот деловен развој. И годинава, во предвидениот рок ги исплативме финансиски нарочните обврски кон лозарите.

Тие се за нас долгорочни партнери и еден од главните столбови на нашата стратегија за производство на вина со врвен квалитет, кои се носат со големата конкуренција на регионалните и на светските пазари и го пробиваат патот за македонското вино“, изјави генералниот директор на винарницата, Радош Вукиќевиќ.

Винарската визба „Тиквеш“ низ годините разви долгорочна соработка со лозарите, физички и правни лица, која се остварува преку континуирана едукација и поддршка при примената на современи агро – технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади.

На лозарите кои ги почитуваат ваквите стручни совети и упатства „Тиквеш“ им го гарантира откупот на грозјето со висок квалитет и им обезбедува дополнителен бонус при исплатата на грозјето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Верификуван преводот на меѓународните сметководствени стандарди, како основен предуслов за нивно воведување и примена во земјава

Редакција

Во првите шест месеци 67 компании кои котираат на Македонската берза оствариле добивка, а 25 загуба

Редакција

Тутунски комбинат Прилеп лани со добивка

Редакција