еМагазин
Image default
Бизнис

„Тиквеш“ лани оствари добивка пред оданочување од три милиони евра

Винарската визба „Тиквеш“ АД Кавадарци лани забележа пораст на вкупните приходи од 10%, односно зголемување за 152,6 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Порастот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 10%) и од странските пазари (за 8%). Бруто добивката бележи раст од 15%, односно зголемување за 96 милилиони денари.

Зголемените административни трошоци за 49%, трошоци за продажба и маркетинг за 12% и останатите оперативни расходи за 19% резултираа со оперативна добивка од 218,2 милиони денари.

Финансиските расходи се намалени за 9,4%. Остварена е нето добивка од редовното работење пред оданочување на износ од 188,2 милиони денари (3 милиони евра)“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за катастар на недвижности вработува 18 лица, плата до 25.023 денари

Редакција

Македонски телеком: Нема 5G мрежа во употреба

Редакција

Андреја Јосифовски купи акции во Макпетрол

Редакција