еМагазин
Image default
Македонија

Тимоние: Никој не треба да ги оспорува намерите на Франција за интегрирање на Западен Балкна во ЕУ

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции истакна дека никој не треба да ги оспорува намерите на Франција за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ, затоа што „намерите на Париз се заедно да успееме“.

– Од секаде постои верба во европскиот проект, што треба да биде строг, а не само своевидна лиценца на оние кои управуваат со тоа затоа што го добиле датумот и потоа можат да си прават што сакаат на внатрешен план. Ние сме со граѓаните на Северна Македонија и сакаме да успееме, да успееме заедно со вас. Нема никакви стравувања од наша страна во однос на доаѓањето на други земји- членки во Унијата, само сакаме тие земји да бидат доволно силни и доволно подготвени за да можат граѓаните да ја контролираат својата влада, но и тие земји да бидат доста силни за да можат да го спроведуваат тој заеднички европски проект, рече Тимоние.

Балканските земји, како што кажа, можат да бидат додадена вредност во Европа.

– Преку новата методологија не размислуваме само за Балканот туку дека има проблеми што не сме ги решиле претходно. Европската изградба е изградба единствена во историјата која се гради секојдневно за да ги подобри грешките од минатото особено во однос на земји кои не успеале да се реформираат, додаде Тимоние.

За францускиот нон-пејпер како што информираше има и позитивни реакции и критики, но тој е доставен и процесот е почнат и официјален Париз посакува тој брзо да заврши.

– Го разбираме нетрпението, и ќе помогнеме со нашето присуство. Во моментот преговараме за правните рамки и потпишувањето со француската Агенција за развој, рече францускиот амбасадор.

Она што се случи во октомври со недобивањето датум, според него не е историска грешка, туку е историска шанса споредено со претходниот систем за проширување.

Се наврати на нон-пејперот и четирите принципи, но и посочи на владеењето на правото, корупцијата, реформскиот процес…

– Посакуваме процесот да заврши до крајот на јануари, што ќе ни овозможи потоа да се трасира патот кон Загреб на подоверлив начин. За тоа ќе треба и новата ЕК да одговори на нашите желби, но исто така треба и државите членки да се покажат конструктивни. Впрочем тоа и го очекуваме затоа што ја имаме таа споделена волја која беше изразена и од страна на ЕП затоа што сите посакуваат да се отворат преговорите што е можно побрзо, а овде нема ништо да ги спречи спроведувањето на реформите туку напротив. Има конкретни барања за завршување на законот за јавното обвинителство и сите други закони кои произлегуваат од тоа, и тоа се области во кои ние очекуваме напредок, рече Тимоние.

МИА/Фото: Фејсбук/Француска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбележани 76 години од стрелањето на 12. младинци од Ваташа

Редакција

Холандија е за раздвојување на Македонија и Албанија, но нема да става вето

Редакција

Обвинителката од Штип, Јелена Колева Догазанска, избрана за член на Советот на јавни обвинители

Редакција