еМагазин
Image default
Македонија

Тимоние: Размислувајте за идните генерации, изборот е Северна Македонија или Северна Кореја

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, денеска порача дека Македонија може да испорача добри вести, затоа што поседува капацитет за помирување и компромис, како и дека е способна да ги надмине сите митови и болки од минатото.

–  Мислам дека Македонците сега имаат вистинска шанса, особено во текот на идната недела, и дека се способни да направат одредени жртви. Зборувам со Македонците и знам дека сето ова воопшто не е едноставно, но треба сите да размислуваат и за идните генерации. Можеби директно, но ќе ви кажам. Изборот е Северна Македонија или Северна Кореја. Треба да знаете што ќе изберете, рече Тимоние на панел-дискусијата „Реформи, референдум и евроатлантски-интеграции на Република Македонија“, во МНР.

Посочи и дека треба да се продолжи со реформите.

– Во Секретаријатот за европски прашања забележуваме дека тоа бара секојдневна работа и знаеме да кажеме Македонците се многу вешти во подготовка на текстовите, но многу потешко ги спроведуваат практично, но тоа е случај со сите и треба да се продолжи, порача францускиот амбасадор Тимоние.

Како учесници на панел-дискусијата беа најавени и претставничката од Францускиот Сенат, сенатор од Ивелин и претседател на групата за пријателство Франција-Западен Балкан, Марта Де Сидрак и сенаторот од Вал д Уаз, но тие не присуствуваа поради обврски во Франција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир стигна до 394 активни случаи со Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Редакција

Адвокатската комора бара да се обезбедат потребните услови на судењето за насилството во Собрание

Редакција

Антикорупциска утврди дека во „Шпанско село” нема судир на интереси

Редакција