еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Тинејџерката Грета Тунберг фаворит: Имаат ли Заев и Ципрас шанса за Нобелова награда за мир

Кој ќе биде овогодинешниов добитник на Нобеловата награда за мир ќе биде познато во петок, а меѓу номинираните се и македонскиот премиер Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Зошто се номинирани Заев и Ципрас

Заев и Ципрас, се номинрани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Договорот доби многу пофалби од меѓународната заедница, но истиот не наиде на одобрување од граѓаните во Македонија и Грција.

Номинацијата на Заев и Ципрас во Скопје ја објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

Таа тогаш изјави дека Договорот од Преспа покажува дека две држави заедно се способни да седнат, преговараат и постигнат договор.

„Номинацијата не е само лично за Зоран Заев и Алексис Ципрас, туку и за сите граѓани. Ова е модел за дијалог и просперитет. Силно верувам дека Македонија или треба да кажам Северна Македонија и Грција ќе ја добијат Нобеловата награда и ќе бидат доказ за светот дека се може да се постигне со договор“, изјави нобеловката Бушамауи.

Фаворит тинејџерката Грета Тунберг

Сепак, главен фаворит за добивање на Нобеловата награда за мир е тинејџерката Грета Тунберг (16) од Шведска, активитска за спас на планетата од глобалното затоплување.

Со нејзиниот неодамнешен говор на климатскиот Самит на Обединетите нации во Њујорк таа уште еднаш стана топ тема во медиумите. Во своето обраќање на Самитот на светските лидери им порача дека поради нивните празни зборови, планетата умира, а нејзиниот говор предизвика различни реакции, од аплаузи до коментари дека е само добра актерка и изманипулирано дете.

Светот дозна за нејзе кога пред една година почна секој петок да бега од училиште со цел да протестира против климатските промени пред шведскиот парламент.

Нејзиниот пример го следеа врсници низ целиот свет и така настана глобалното движење „Петоци за иднината“ (Fridays for Future).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Младата активистка Тунберг им го „плесна“ на светските лидери: „Како се осмелувате, ми ги украдовте соништата и детството“

Тројца научници кои открија нови сознанија за кислородот добитници на Нобеловата награда за медицина

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 587 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Со Детската кардиохирургија во „Жан Митрев“ земјава станува медицински центар на Балканот

Редакција

Меѓународниот кривичен суд почна истрага за воени злосторства во Украина

Редакција