еМагазин
Image default
Македонија

„Титаник 3“ ќе продолжи на 17 април

Судењето за предметот „Титаник 3″ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на ОИК во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“, ќе продолжи на 17 април.

На денешното рочиште со кое по трет пат почна судскиот процес за овој предмет на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), беа изведувани материјални докази и повторно преслушувани „бомбите“.

Обвинителот Гаврил Бубевски побара согласност од обвинетите и одбраната да не се повторува изнесувањето на  материјалните докази, кои веќе двапати се изнесуваа пред претходниот судечки совет. Побара сето тоа да се пренесе од минатиот записник со што, како што рече, не би се повторувал.

Обвинетите не се согласија со предлогот на обвинителот и продолжи изведувањето на материјалните докази. Во една од бомбите се слушна како двајца разговараат за изборите, при што едниот му вика на соговорникот да гласа за Струмица, бидејќи ќе биде потребно и за Чаир.

Бубески презентираше извештаи на избирачки одбори од  локалните избори во 2013 кои содржат сумирани резултати за изборот на градоначалник на Општина Чаир, кои пак, како што рече обвинителот, видливи се поправки на документите кои докажуваат како не треба да се водат записници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 152 оздравени од Ковид-19

Редакција

Детален преглед на заразени од Ковид-19 во скопските општини: Чаир се уште на врвот

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДСМ е на власт, во Македонија се прислушува

Редакција