еМагазин
Image default
Македонија

„Титаник 3“ одложен поради пратенички обврски на Ејуп Алими

Поради службено отсуство на обвинетиот Ејуп Алими, рочиштето за предметот „Титаник 3″ е одложено за 13 септември.

Претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка информираше дека поради пратенички обврски во Собранието, парламентарниот спикер Талат Џафери го известил судот дека Алими во својство на пратеник и координатор на ДУИ учествува во работата на редовните координативни средби кои се одржуваат секој понеделник.

Клетничка рече дека и минатото рочиште се одржало во ден понеделник. Нагласи дека за наредното рочиште на кое се закажани завршни збирови присуството е задолжително, а доколку некој не присуствува ќе бидат преземени дополнителни мерки.

Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак: Сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни

Редакција

Вкупно 3.424: Од Ковид-19 починаа 21 лице

Редакција

Тортевски: Досадно е веќе со снимки кога се договарате за криминали, дајте директен пренос

Редакција