еМагазин
Image default
Локално

Тлее кримучарењето мигранти: Во „Ивеко“ откриени 50 лица

На 10.09.2018 година во 11.00 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на с.Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Ивеко “ со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Возачот го запрел возилото 50 метри после патролата и избегал од лице место. При контрола над возилото, во просторот за товар, биле пронајдени 50 мигранти од Пакистан и Авганистан, од кои четири се деца. Мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Кочани нова жртва на измамникот со огревни дрва

Редакција

Две жени ранети по пукање на свадба во гостиварско Чајле

Редакција

Со фалсификувани 100 евра плаќал сметка на бензиска пумпа

Редакција