еМагазин
Image default
Македонија

Тодоров: Ниту сум разговарал со пратеници да гласаат, ниту планирам да разговарам со други за повторно да гласаат

Поранешниот вицепремиер и министер за здравство Никола Тодоров во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, рече дека средбата во неделата со премиерот Зоран Заев била поради тоа што се обидува да помогне во помирувањето меѓу Македонците.

Тој и Заев, како што рече, се познаваат долго, но се политички непријатели. Тодоров смета дека општеството е многу поделено и оти постојани револуции не се здрави и ја пропаѓаат нацијата.

На прашањето дали средбата од Заев била иницирана затоа што се смета дека тој и Митко Јанчев, разрешен од потпретседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, имаат влијание врз пратеници од опозициската партија и можат да издејствувааат поддршка за уставните измени, Тодоров кажа дека не разговарал со ниеден пратеник пред гласањето за уставните измени во Собранието, но дека  се согласува со нивниот чекор да се подобри нешто во целиот процес.

„Ниту сум  разговарал со некој од пратениците да гласаат, ниту планирам да разговарам со некои други за повторно да гласаат. Тоа е одлука на пратениците и секој од нив сам си одлучува на која страна на историјата ќе застане“, рече Тодоров, додавајќи дека осумте пратеници не биле за козметички, туку за суштински измени кои го гарантираат македонскиот идентитет и дека Владата тоа го прифатила.

Истакна и дека иако го исклучиле од партијата, секогаш е на страна на ВМРО-ДПМНЕ, а Христијан Мицкоски рече сега е лидер на партијата, но е и камен што ја влече партијата надолу.

„Тоа ќе го видите од рејтингот. ВМРО ДПМНЕ има 20, Мицкоски 7, тоа е трипати понизок рејтинг од тој на партијата. Нема поместување за една година откако стана лидер, и тоа во период кога од СДСМ ништо не е исполнето. Ниту една петтина од ветеното не е испорачано во првата година. Се плашам дека СДСМ со нефункционирање ќе продолжи да управува со државата и во наредните неколку години токму поради катастрофално лошите проценки на ВМРО-ДПМНЕ, пред сè на политичко ниво“, рече Тодоров.

Смета и дека бојкотот од ВМРО-ДПМНЕ за референдумот ќе се одрази сериозно на следните претседателски избори и голема е веројатноста, рече, ВМРО-ДПМНЕ да ги изгуби уште во првиот круг.

“Ова го кажувам не со цел  да му наштетам на ВМРО-ДПМНЕ, туку да ги освестам да почнат да прават други политики кои ќе им помогнат на претседателските избори да извојуваат победа“, рече Тодоров во „Само вистина“.

Фото: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митко Јанчев за Дојче Веле: Гарантирам дека Сашо, Миле и Кирил нема да бегаат!

Јанчев за средбата со Заев: Ветивме поддршка против опструкциите за уставните измени

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од изјавата на Јанчев за уставните измени

Заев пиел кафе со Никола Тодоров и Митко Јанчев во Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Гилотина за „францускиот предлог“ пред Собрание

Редакција

Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак: Сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 29 години од основањето

Редакција