еМагазин
Image default
Македонија

Тодоров: Во ВМРО-ДПМНЕ сега има три струи

Поранешниот министер за здравство и член на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров за кого Централниот комитет на партијата побара да биде исклучен од партијата вечерва на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија изјави дека целата ситуација е нејасна и оти се работи за конструиран случај.

Toj oцени дека во изминатиот период како да имало оркестрирани обиди да се претстави тој како предавник на партијата.

Со дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за пристапувањето кон уставни измени, Тодоров рече дека се слушнал следниот ден по собраниската седница.

„Ми падна многу криво. Во определени моменти секој носи определен став. Тоа се пратеници избрани од народот, предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, тие одлучиле да гласаат, а да станеш и да ги оставиш да бидат преброени, да бидат жигосани, е тоа навистина ме болеше“, рече Тодоров.

Тој нагласи дека одлуката да се повлече од политичката сцена ја донел многу порано пред 27 април.

„Одлуката ја донесов неколку месеци порано. Уште пред 27 април имав донесено одлука дека треба да се повлечам од политиката и да се одморам што не значи дека се деасоцирам од политиката. Тоа што се случи на 27 април е страшно. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ изгуби многу“, рече Тодоров, додавајќи дека настаните од 27 април само допринеле уште повеќе побрзо да ја донесе одлуката.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ станува се поизолирана партија и делува антизападно. Во партијата, како што посочи, сега има три структури.

„Едната е прозападна која е за ЕУ и НАТО интеграција. Втората група се антизападно ориентирани. И третата е најголема група, луѓе кои се под импресии и веруваат дека се борат за Македонија. Тие се злоупотребени од една структура која партијата ја носи во еден погрешен правец“, рече Тодоров.

Додаде дека нема ништо против тоа Никола Груевски што е почесен претседател на партијата, но смета дека не треба кога еден лидер ќе си замине, веднаш да се прогласи за почесен претседател, бидејќи тоа носи раздор и можност поранешниот претседател да влијае.

Фото: Фејсбук/Тодоров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тодоров едногласно исклучен од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Тодоров: Не се пронаоѓам во антизападно ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 24 часа шест нови случаи на Ковид-19 од 2.887 тестирања

Редакција

Нема ризик од конкретен терористички акт во државата, вели Спасовски

Редакција

ДИК: До 17 часот излезноста 41,38%

Редакција