еМагазин
Image default
Локално

Толпа нападна цариници при заплена на цигари и тутун во Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат,  денеска спроведоа две акции во Скопје и во Тетово, против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи.

Од Царината соопштија дека целта на акцијата била контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и претставуваат акцизни добра.

„Двете акции паралелно се спроведоа во Скопје и Тетово, при што на територијата на Општина Тетово службените лица при вршење на претресот беа брутално нападнати од страна на поголема толпа луѓе кои и се познати на полицијата и против нив ќе биде покрената соодветна пријава.

Оттука Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат порачуваат дека и покрај сите опструкции ќе продолжат да се борат против сивата економија и нелегалната продажба на тутунските производи ширум државата“, се посочува во соопштението.

Инаку, во двете акции се запленети 113 килограми режан тутун и 415 кутии цигари.

Од Царината вечат дека цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, мора да бидат обележани со контролни марки.

„Акцизите учествуваат со околу 22 проценти во вкупните даноци што ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13 проценти, од кои над пет проценти се од цигари и тутунски производи. Соодветно на тоа, станува збор за значаен извор на приходи во буџетот на државата“, стои во соопштението.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како во бајка: Како изгледа Охрид новогодишно

Редакција

Исчезна 12-годишен штитеник од „Ранка Милановиќ“

Редакција

Приведен угостител од тетовско, работел по дозволеното време

Редакција