еМагазин
Image default
Бизнис

Тони Стојановски избран за претседател на Одборот на директори на Македонската берза

Македонската берза информира дека денеска се одржа конститутивна седница на Одборот на директори на берзата избран од страна на Собранието на акционери на Берзата што се одржа на 29.05.2020 година.

„Согласно собраниската одлука за избор на членови на Одборот на директори на берзата сите досегашни членови на Одборот продолжија да ја извршуваат оваа функција и во новиот мандат во времетраење од четири години.

На конститутивната седница за претседател на Одборот во овој мандат е избран Тони Стојановски.

Согласно наведеното Одборот на директори на берзата е со следниот состав: Тони Стојановски – претседател, Коста Костовски, Петар Трпески, Михајло Брова Зиков, Иван Штериев, Билјана Цветковска, Горан Анастасовски– независен и Иван Мишев – независен член“, соопшти берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фруктал Мак со намалена добивка во првите девет месеци

Редакција

Просечната нето плата во јануари 28.272 денари

Редакција

Пад од 1.267 денари: Просечната плата во јануари изнесува 24.517 денари

Редакција