еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тони Трајковски не дојде на судењето за „Космос“ бидејќи бил нападнат: Судијата бара полицијата да го доведе

Во полицијата синоќа околу 23.35 часот Тони Трајковски пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив. Од МВР информираа дека се работи на расчистување на случајот.

Инаку, овој случај беше пречка утрово да почне судскиот процес „ТНТ“ за одмаздничкото уривање на „Космос“ на Фијат Цаноски, во кој третообвинетиот е Тони Трајковски, ексградоначалник на Гази Баба.

Трајковски денеска не дојде на закажаното рочиште, а според неговиот адвокат, тој се наоѓал во болница.

Судијата Огнен Ставрев го контактирал докторот, кој му рекол дека е во добра општа состојба и е на пат кон дома. Судијата рече дека доколку Трајковски не дојде за еден час ќе биде стражарно приведен.

Од Ургентниот центар во Скопје, најавија дека за кусо време официјално ќе соопштат за повредите со кои се здобил ексградоначалникот Трајковски.

По неколку блокади на ова судење, судијата Огнен Ставрев сака да го заврши процесот деновиве, бидејќи на две поротнички им истекува мандатот и судењето ќе треба да почне одново.

Во случајот „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, потоа поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.

МИА/Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка очекува пад од 3,5 отсто на македонската економија поради корона вирусот

Редакција

Со презентација на материјални докази продолжи судењето за „ТНТ“

Редакција

Смени во акционерската структура на ЗК Пелагонија: Ненад Јосифовиќ му пренесе акции на Златко Пирузе

Редакција