еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет најпрофитабилни компании на берзата: Трите големи банки убедливо на врвот

Македонската берза го објави прегледот на финансиските податоци за котираните компании од кој може да се види дека банките доминираат по остварениот профит во текот на минатата година.

Имено, вкупната нето-добивка на компаниите од берзата лани изнесувала 222 милиони евра, а дури 97 милиони евра отпаѓа на добивката што ја оствариле трите најголеми банки во земјава: Стопанска банка Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална банка.

Според податоците на берзата, Стопанска банка АД Скопје лани остварила добивка од 38 милиони евра, НЛБ Банка АД Скопје од 30 милиони евра, а Комерцијална Банка АД Скопје од 29 милиони евра.

На листата топ пет најпрофитабилни компании потоа следуваат Македонски Телеком АД Скопје со остварена добивка од 24 милиони евра и Цементарница УСЈЕ АД Скопје со добивка од 20 милиони евра.

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

Компаниите од Македонската берза лани оствариле вкупна добивка од 222 милиони евра

Банките наплаќаат многу „посолени“ камати за кредитите отколку што даваат за штедните влогови

Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“

„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен договор за снабдување, ЕСМ треба да понуди и договор за откуп на енергија од фотоволтаици, велат од ЕВН

Редакција

Заев останува на ставот за разрешување на Пауновски

Редакција

Ќе имаме продолжено лето, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември

Редакција