еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет професии со најголем пораст на просечната плата

Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен која во јануари 2019 година изнесувала 24.517 денари, што е пораст од 2 отсто во однос на истиот месец, минатата година, но и намалување за 4,9 отсто во однос на декември, 2018 година.

Најголем годишен пораст на просечната месечна плата има во секторот Управувачки дејности и советување во врска со управувањето каде во јануари 2019 година била исплатена просечна плата од 30.493 денари, што е пораст за 15.5 отсто во однос на истиот месец, минатата година.

Втори на листата се вработените во секторот Канцелариско-администратвни и помошни дејности и деловнопомошни дејности со исплатена просечна плата од 29.744 денари, што е пораст за 14.6 отсто во однос на истиот период минатата година.

Трет е секторот Вадење на други руди и камен со плата од 35.110 денари и пораст од 13 отсто, потоа Дејностите за здравствена заштита со плата од 31.704 денари и пораст од 11.4 отсто, а на петтото место е секторот Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со исплатена просечна плата во јануари од  20.804 денари и пораст од 11 отсто во однос на истиот месец минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ пет најплатени професии: Воздухопловците и програмерите убедливо на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украинците имаат план доколку Зеленски биде убиен, откри американскиот државен секретар Блинкен

Редакција

Со кратење на шест дневници, Европарламентот го казни бугарскиот европратеник Џамбаски поради нацистичкиот поздрав

Редакција

(Фото) Закани по живот за обвинителот Јовески: „Ослободете ги новинарите на Алфа“

Редакција